Актерот Ал Пачино (78) се појави на доделувањето на наградите БАФТА во друштво на неговата израелска колешка и пејачка Меитал Дохан (39), со која е во врска од септември минатата година.
Токму таа го „спасила“ Пачино кога качувајќи се по скалите се сопнал на црвениот килим и паднал на нос. Двојно помладата девојка му подала рака, а и други колеги му помогнале на актерот да застане на нозе.
Озборувањата за врската помеѓу Меитал и Пачино започнаа да кружат минатиот септември.
„Отпрвин се трудеа нивната врска да остане приватна, но сега веќе не се обидуваат да ја чуваат во тајност“, изјавил пријател на Пачино.