Бутел се засили со Црногорец кој ги бранеше боите на Струга

Пред продолжението на сезоната во машката ракометна Супер-лига, скопскиот лигаш Бутел ги засили своите редови со црногорскиот интеранционалец Богдан Николиќ, кој пристигнува од редовите на Струга.

Финансиските проблеми со кој се соочува Струга е причина Николиќ по кусиот престој да побара нова екипа, а тоа го искорсити Бутел и брзо се догворо со 28-годишниот среден бек да им прситапи во нивната средина. Николиќ на македонската ракометна сцена две сезони има настапувано и за битолски Пелистер, со кого играше и во Челинџ-купот.

Бутел моментно се наоѓа на третото место во суперлигашката конкуренција.

Треба да знаете
Последни објави