ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги украде пензионерите со лопата, а сега им враќа со лажичка

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Без никаков срам СДСМ и понатаму вели дека се грижи за пензионерите. Во овие три години откако тие се на власт целосно заборавија на  оваа категорија на граѓани. На пензионерите повеќе од јасно им е дека СДСМ сега пред избори ќе почне да мисли за нив само за да ги добие некој глас повеќе.

СДСМ се фали дека ги покачиле пензиите на пензионерите, но тие добро знаат дека  не е така и всушност станува збор за лага.  СДСМ не го кажуваат фактот дека пред тоа по законот за порамнување на пензиите, им ги скратија пензиите.

Во првите 6 месеци од 2019 со промена на законот за пензиско и инвалидско осигурување тие одземаа 445 денари, а во вторите 6 месеци од 2019 година им одземаа дополнителни 705 денари. Ова всушност значи дека за целата 2019 година СДСМ на пензионерите им одзема 6 900 денари или по 575 денари месечно. За  ова се виновни СДСМ и Заев, и по 12 Април тие ќе одговараат.

Но, доаѓаат подобри времиња. Со новата влада која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати грижата за пензионерите како што навистина и заслужуваат.

Треба да знаете
Последни објави