Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, го разреши Андреас Виселталер, директор на Службата за борба против корупцијата, откако неговите соработници го обвиниле дека шетал полугол на работното место и ги вознемирувал.
Неколку соработници пренеле дека овој висок полициски функционер шетал облечен само во пењоар додека бил на работа.
Така, овој 55-годишник, легнат на работната маса, облечен само во пењоар, позирал пред својата секретарка.
Министерството веднаш реагирало на обвиненијата и го преместило Виселтелер на друга позиција.
На негово место е назначен досега земеникот директор Лукас Бергамер, кој бил на обука во американското ФБИ.
„Полицијата ужива голема доверба кај граѓаните. Обвиненијата против поединци не смеат да наштетат на угледот на 37.000 службеници “, рече министерот Нехамер.