По четирите порази со 17 примени гола, тренерот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Торино, Валтер Мацари доби отказ.
Чашата со незадоволство ја прели последниот пораз во 22. коло на гостувањето кај Лече (4:0), а претходни старстите зовреа откако пред своите гледачи Торино загуби со 0:7 од Аталанта, што е најубедлив во историјата на клубот.
Медиумите пишуваат дека наследник засега би можел да биде поранешниот тренер на младинските категории во клубот Морено Лонго, а други дека Торино ќе побара искусен и проверен стратег.