МЗШВ: Објавен јавниот повик за техничка поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации и саеми

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот повик за користење на техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој за организирање и спроведување на локални манифестации/саеми за промоција на земјоделски производи во Република Северна Македонија. На јавниот повик можат да конкурираат единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, стопански комори, земјоделски задруги, со доставување на предлог за користење на техничката поддршка до Министерството.

Максималниот износ на техничката поддршка не може да надмине 120.000 денари по манифестација и по корисник. За реализација на добиената техничка поддршка, корисниците треба да спроведат постапка за јавна набавка согласно прописите за јавните набавки, а во рок од десет дена по завршување на манифестацијата/саемот треба да достават извештај за реализираната активност до Министерството.

Исплатата на техничката поддршка се врши по потпишување на договорот во износ од 100% од одобрената сума, но не повеќе од максималниот износ и во согласност со одобрените средства во програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Рокот за поднесување на потребната документација со предлозите е до 28.02.2020 година, и истите треда да се достават до архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, со назнака за Сектор за рурален развој.

Локалните манифестаци и саеми се важни за промоција на македонските земјоделски производи и размена на искуства во делот на земјоделското производство.

 

Повеќе информации на следниот линк:

http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=926

Треба да знаете
Последни објави