Палестинците треба да кажат каде сакаат да исцртаaт линија, но израелските населби ќе останат

Вишиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џеред Кушнер изјави дека Палестинците се добредојдени да предложат измени во границите во предложениот мировен план. Сепак, постојните израелски населби не одат никаде, додаде тој, пренесува РТ.

„Палестинското раководство треба да се вклучи во мировниот план на Трамп. Ако има работи што сакаат да ги променат, ако не им се допаѓа каде ги исцртавме линиите, треба да дојдат и да ни кажат каде сакаат да ги повлечат линиите “, рече Кушнер.

Тој истакна дека Палестинците треба да го прифатат предложениот план како основа за понатамошни разговори, ако сакаат да бидат реални.

Во исто време, Кушнер – еден од главните архитекти на мировниот план на Трамп и зет на претседателот – повтори дека израелските населби во окупираниот Западен Брег, кои се нелегални според меѓународното право и кои беа наречени од Советот за безбедност на ОН  голема пречка за траен мир, ќе останат каде што се. Една од целите на планот е да му се даде на Израел земјата што тој секако никогаш нема да ја напушти, рече Кушнер.

Планот повикува на создавање независна палестинска држава со главен град во предградието на Источен Ерусалим, кој сега е под контрола на Израел. Сепак, тој нуди само четиригодишно замрзнување на новите израелски населби на Западниот Брег, додека постојните остануваат непроменети. Планот исто така ја исклучува можноста за враќање на сите палестински бегалци, што е едно од клучните барања на палестинските власти.

Планот, очекувано, беше одобрен од Израел, а беше отфрлен од Палестинската самоуправа(ПА), како и од Арапската лига, чии земји-членки сметаат дека планот е во корист на Тел Авив. Непосредно по изкожувањето на планот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе ја анектира Јорданската долина заедно со населбите во Западниот Брег. ПА, пак, официјално ги прекина сите врски со Израел и со САД.

Треба да знаете
Последни објави