Рускиот премиер Михаил Мишустин одлучи Русија да ѝ обезбеди хуманитарна помош на Кина во борбата против коронавирусот.
Тој ова го рече по средбата со вицепремиерите, а го објави вицепремиерката Татјана Голикова и додаде дека документот за таа одлука е веќе готов, пренесе ТАСС.
„Руските региони се подготвени, здравствените установи имаат резерви со облека за заштита и дезинфекција, како и потребно колиество лекови“, рече таа.
Мишустин исто така рече на состанокот со своите заменици дека состојбата со коронавирусот е под контрола во Русија и дека се преземаат сите потребни мерки за да се спречи ширењето на болеста.