Рускиот премиер, Михаил Мистушин се закани дека ќе ги депортира странците кај кои е идентификуван коронавирус, објавија руските медиуми, пренесе ДПА.
-Националниот план за превенција предвидува депортирање на странски државјани кај кои е дијагностициран коронавирусот, изјави Мистушин.
Минатата недела Русија ги потврди првите два случаи, кај двајца кинекси државјани во Сибир, во Забајкалскиот регион, кој граничи со Кина, и во областа Тимен, што граничи со Казахстан.
Руските здравствени власти соопштија дека вирусот не е идентификуван кај ниту еден Русин.