Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
„Мерките и политиките на СДСМ за инвестирање во човечкиот капитал и нашата определба за реален и одржлив раст на платите даваат видливи резултатти.Во изминатите две и пол години растеа платите во сите сектори.
Минималната плата ја зголемивме во два наврати за вкупно 60 отсто. Од 9.000 денари во 2017 на 14.500 денари, со последното зголемување во декември 2019 година.
Од јануари годинава за 10 отсто се зголемија платите за над 32.000 вработени во образованието, со што растот на платите изнесува кумулативно скоро 21 отсто, имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година.
Од февруари значително се покачуваат платите за над 18.000 вработени во јавното здравство. Платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, за општите лекари за 15%, за медицинските сестри за 10%, а 5% повисоки плати ќе добиваат И здравствените соработници и помошно – техничкиот персонал.
Истовремено додатокот за дежуства на лекарите од овој месец се зголемува за до пет пати во однос на 2018 година и сега платите на лекарите специјалисти на сите клиники ќе бидат 100.000 денари, а некаде и повисоки.
Значително пораснаа и платите во социјалната и детската заштита. Го вративме достоинството на воспитувачите и на социјалните работници. 1.170 вработени во Центрите за социјални работи добија историско зголемување на платите во просек за 4.363 денари по вработен.
Историски највисоко покачување добиваат 3.138 негователи и воспитувачи во градинките кои сега земаат плата во просек за 3.000 денари повиока од претходно.
Со мерките што ги спроведуваме, обезбедуваме раст на платите во приватниот сектор. Меѓу таквите мерки е и субвенционирањето на придонесите од задолжителното осигурување за компаниите кои ќе ги покачат платите до 6.000 денари.
Оваа мерка досега ја искористија над 20.000 компании или вкупно 106.000 вработени во приватниот сектор.
Со тоа се отвори спиралата на раст на платите што најдобро се гледа во примерот со просечната плата. Просечната плата во ноември лани изнесуваше 25.787 денари, што е за 1.239 денари повеќе отколку во ноември 2018 година и е речиси за 2.600 денари повисока во однос на истиот месец во 2017 година.
Сите овие мерки значат повисоки плати и повисок животен стандард.
Продолжуваме и понатаму да инвестираме во човечкиот капитал
На прав пат сме!