Тројца уапсени во Данска осомничени за шпионажа

Во Данска се уапсени тројца членови на „Арапското движење на отпорот за ослободување на Ахваз, кои се осомничени за шпионажа во корист на саудиските разузнавачки служби.

Шефот на данската безбедносна служба, Фин Борх Андерсен изјави дека се претпоставува дека осомничените спроведувале шпионски сктивности шест години, од 2012 година.

Борх Андерсон рекол дека тие шпионирале луѓе и компании и дека информациите ги испраќале до саудиските разузнавачки служби.
Случајот, како што се наведува, е поврзан со полициска операција од 2018 година во врска со наводен ирански заговор да се убијат еден или повеќе противници на иранската влада.

Неименуван жител на Норвешка, со иранско потекло, бил уапсен на 21 октомври 2018 година, поради сомнение дека и` помагал на иранската разузнавачка служба да делува во Данска, како и дека неодамна бил вмешан во заговор. Осомничениот кој е во притвор, ги отфрлил обвинувањата.

Треба да знаете
Последни објави