Турските сили биле нападнати бидејќи Русија не била информирана за нивните операции кај Идлиб

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека силите на сириската влада ги нападнале турските сили затоа што Русија не била информирана за турските воени операции кај Идлиб.

„Турските сили во текот на ноќта се движеле во зоната на деескалација во Идлиб и биле нападнати од силите на сириската Влада, кои во тој  момент се бореле против терористите”, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството наведува дека турските сили не ја информирале Русија за своите операции во сириски Идлиб.

Русија соопшти и дека турските воени авиони не го нарушиле сирискиот воздушен простор и дека не се забалежани напади врз сириските сили.

Во ноќешното бомбардирање на сириските владини сили на североистокот од Идлиб загинале четворица турски војници, додека деветмина биле повредени. Британските медиуми пренесоа дека турските сили веднаш одговориле на нападот и уништиле цел во Идлиб.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата земја ќе продолжи со одмазда за нападите врз нејзините сили на североистокот од Идлиб во Сирија.

Тој наведе дека турските авиони нападнеле 40 цели во Идлиб и дека „неутрализирале” 30 до 35 Сиријци.

Тасс пренесе дека Ердоган кажал дека турските и руските воени експерти се во контакт по нападот врз турските војници во Идлиб. Притоа тој изрази волја за последиците од немилиот настан да разговара и со рускиот претседател Владимир Путин.

Треба да знаете
Последни објави