Хали Бери играше водечка дама зa голем број блокбастери во нејзината кариера.
Но, актерката изминатите две децении својот фокус го насочи кон мајчинството.
Во неделата папараците ја забележаа додека оди на шопинг со своите деца во Лос Анџелес, а таблоидите веднаш ја нарекоа „кул мамичка“.
Со спуштени и подвиткани фармерки и тенок бел џемпер, 53-годишната оскаровка изгледа лежерно додека оди на шопинг со ќерката Нала (11) и синот Макео (6).
Синот го дели со поранешниот сопруг Оливер Мартинез, со кого беше во брак од 2013 до 2016 година.
Таа има заедничко старателство над ќерката Нала со поранешниот партнер Габриел Обри, со кого беше во врска од 2005 до 2010 година, откако се запознаа на фотосесија за Версаче.
Неодамна беше откриено дека Бери би можела да биде втор агент 007 или партнер на 007 – потенцијален пресврт во серијалот за славниот британски агент Џејмс Бонд, а Џинкс Џонсон – ликот кој маестрално го одглуми во „Умри друг ден“ (Die Another Day) – беше повод за таквите шпекулации.
Но, идејата никогаш не се оствари, бидејќи МГМ не беа подготвени да потрошат 80 милиони долари за буџетот.
И покрај тоа што во тоа време важеше за една од најпривлечните жени на светот, Хали тврди дека во текот на снимањето режисерот ја критикувал поради недоволен сексапил. Сцената кога излегува од вода, која била снимана во Шпанија, морала да ја повтори неколку пати, за да ја долови визијата на режисерот.
„Морето беше ледено и морав неколку пати да влегувам и да излегувам, додека Ли од плажата ми довикуваше да бидам посекси,“ рече таа, алудирајќи на незаборавната сцена од „Умри друг ден“ од 2002 година во режија на Ли Тамахори.