Победникот напрвиот сезонски гренд-слем тениски турнир Австралија опен, Новак Ѓоковиќ по тримесечна пауза се врати на првата позиција од најновата АТП ранг листа објавена денеска. Србинот Ѓоковиќ од првата позиција го симна Шпанецот Рафаел Надал.
Напредок од едно место забележа и финалистот во Мелбурн, Доминик Тим.
Пласман на најдобрите 10 светски тенисери на најновата ранг листа:
1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 9.720 поени
2. Рафаел Надал (Шпанија) 9.395
3. Роџер Федерер (Швајцарија) 7.130
4. Доминик Тим (Австрија) 7.045
5. Даниел Медведев (Русија) 5.960
6. Стефанос Циципас (Грција) 4.745
7. Александар Зверев (Германија) 3.885
8. Матео Беретини (Италија) 2.905
9. Гаел Монфис (Франција) 2.700
10. Давид Гофин (Белгија) 2.555.