Адеми остана во Динамо Загреб за да биде играчот со најмногу настапи и трофеи во клубот

Македонскиот фудбалски репрезентативец, капитенот на повеќекратниот хрватски шампион Динамо од Загреб, Аријан Адеми не се одлучи да го напушти „максимир“ и да заигра во Обединетите Арапски Емирати. Адеми му се извини на тимот Ал Наср од ОАЕ за тоа што се премисли во зимскиов преоден рок да направи трансфер и одлучи да потпише нов догворо со Динамо Загреб со важност до 2025 година.

Како што пренесуваат хрватските медиуми Адеми намера да стане најтрофеен фудбалер во историјата на тимот од „Максимир“, затоо се одлучил да не го менува тимот.

-Само некоја голема понуда од најдобрите пет европски лиги би можела да ме натера да си заминам од „Максимир“. Сакам да останам тука до крајот на кариерата. Да бидам човекот со најмногу европски настапи и трофеи во историјата на клубот. Имам многу цели, не ми недостасува мотивација, вели 28-годишниот Адеми кој во Динамо пристигна од Шибеник во 2010 година.

Што се однесува до неговите настапи во дресот на македонската репрезенатција за кој почна да игра во 2014 година, Адеми потенцира дека сака да заигра и на завршница од големите натпреаврувања.

-Имаме убава шанса за тоа. Прво нè чека Косово, а потоа во финале, најверојатно против Грузија. Секако дека сакам да играм на Европско првенство со Македонија- додава Адеми.

 

Треба да знаете
Последни објави