Атлетико Мадрид тргна во „лов” на Иван Ракитиќ (31), пишуваат шпанските медиуми. Претставници на клубот од „Ванда Метрополитано” наводно веќе стапиле во контакт со хрватскиот репрезентативец со желба да го ангажираат во летниот преоден рок.
Ракитиќ, пак, пред неколку дена изјави дека воопшто не му се допаднал односот на Барселона додека медиумите шпекулираат за неговата натамошна судбина на „Камп Ноу”.
„Не заслужувам, ниту сум заслужил одредено однесување. Може да кажам дека има неколку работи што не ми се допаднаа. Тоа го знаат оние кои носат одлуки, а го знаеме и ние. Но, понекогаш мора да се прифатат работите што не се разбираат и да се гледа напред”, рече Ракитиќ во таа прилика.
Атлетико Мадрид сакаше да го привлече Ракитиќ и во јануарскиот преоден рок, интерес за Хрватот пројавија и Јувентус и Манчестер јунајтед, но тој, сепак, реши да остане во Барселона.
Репрезентативецот на „коцкестите” е член на Каталонците од 2014 година и неговиот актуелен договор со клубот на лето во 2021 година. Оваа сезона настапи во 24 меча за Барселона, во 11 беше стартер, а во 13 влегуваше од клупата при што забележа три асистенции, но не и гол.