Елмас: Многу сум среќен што го постигнав првиот гол во дресот на Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го постигна својот прв погодок во дресот на Наполи, а воедно и во италијанската Серија А.  Наполи забележа победа на гостувањето кај Сампдорија од 4-2.

Елмас се нареди на шестата позиција на македонски фудбалски интрнационалци кои постигнувале голови во Серија А. Претходно тоа го имаат направено: Дарко Панчев, Горан Пандев, Агим Ибраими, Александар Трајковски и Илија Несторовски.

-Многу сум среќен за првиот постигнат гол во овој дрес. Се надевам дека секогаш ќе му помагам на тимот. Напред Наполи! – напиша Елмас на својот Инстаграм профил.

Треба да знаете
Последни објави