Еден месец подоцна ја споделил својата приказна со јавноста од болничкиот кревет по што бил прогласен за херој.
Венлианг во декември минатата година во својата болница забележал седум случаи на зараза од непознат вирус за кој мислел дека има сличност со САРС-от, вирусот кој во 2003 година предизвика глобална епидемија.
Тој на 30 декекмври ги предупредил своите колеги доктори дека би можело да се работи за многу заразна болест и ги советувал да носат заштитни одела за да ја избегнат заразата. Четири дена подоцна го посетила полицијата, односно службеници од Канцеларијата за јавна безбедност, кои му предале писмо во кое тој бил обвинет дека давал лажни информации кои сериозно го нарушуваат општеството.
Подоцна, кога тој јавно ја раскажа својата приказна, локалните власти му се извиниле, но било доцна, бидејќи многу лекари се заразиле поради слабата заштита од коронавирусот. Истото се случило и со него. Една недела подоцна лекувал жена која имала глаукон, а не знаел дека е заразена со новиот коронавирус. Наскоро добил температура и почнал да кашла, по што завршил во болница. Се разболеле и неговите родители. Десет дена подоцна Кина прогласи епидемија и вонредна состојба.
Неговата објава набрзо предизвика илјадници коментари и поддршка.
„Ли Венлианг е херој“ е еден од коментарите на мрежата Веибо