Лејди Гага потврди дека има ново момче објавувајќи заедничка фотографија на „Инстаграм“

Пејачката Лејди Гага (33) минатиот викенд е снимена како се опушта на терасата на нејзиниот дом со мистериозен маж. Странските медиуми пренесуваат дека се работи за Мајкл Полански, поранешен инвеститор кој работи како извршен директор на претпријатието „Паркер груп“, кое е во сопственост на еден од основачите на „Фејсбук“ Шон Паркер.

Фактот дека пејачката објавила заедничка фотографија на својот инстаграм-профил, исто така, укажува дека станува збор за сериозна врска.

„Добро се забавувавме во Мајами. Ги сакам сите мои мали монстриуми и обожаватели. Најдобри сте“, напиша Гага во описот на фотографијата на која позира во прегратка на новиот избраник.

 

Треба да знаете
Последни објави