Поради офанзивата на сириските владини сили против последната бунтовничка енклава на северозапад, раселени се 520.000 луѓе во рок од два месеца, јави ДПА.
– Огромно мнозинство – 80 проценти – од нив се жени и деца, изјави Дејвид Свонсон, портпарол на Службата на ОН за координација на хуманитарна помош.
Тој додаде дека дневните напади од воздух и артилериски оган резултирале со „непотребно страдање за локалните заедници во текот на изминатите девет месеци, при што многумина немаа друг избор освен да избегаат за да го спасат својот живот”.