Поранешниот шеф на Victoria’s Secret сексуално ја вознемирувал Бела Хадид

Секоја година, ситуацијата околу поранешниот шеф и маркетинг директор на „Викторијас Сикрет“ (Victoria’s Secret), Ед Разек, станува сè погрда.

Една статија во „Њујорк Тајмс“ објавена минатиот викенд тврди дека супермоделот Бела Хадид била меѓу оние кои биле сексуално вознемирувани од Разек во текот на подготовките пред шоуто на Викторија Сикрет.

Весникот сугерира дека девојките, познати како ангели на Викторија Сикрет, во бекстејџот биле жртви на недолични коментари, понижување и сексуално вознемирување во популарната компанија за долна облека и организатор на спектакуларни модни ревии.

Разек, за кој се вели дека го имал главниот збор во изборот на модели кои ќе настапат во шоуто – познати како “Ангелите на Викторија Сикрет“ (Victoria’s Secret Angels) – во текот на подготовките давал несоодветни коментари за некои од девојките модели.

 

Весникот објавува детали за недоличното однесување од страна на поранешниот директор за маркетинг, Ед Разек, кој, наводно, давал неприкладни коментари за градите на Хадид во текот на проба пред годишната телевизиска модна ревија на брендот во 2018 година.

Њујорк Тајмс цитира дека три лица кои биле присутни за време на пробата на која  Бела ја премеруваат за да се утврди точната големина на долната облека.

„Заборавете ги гаќичките,“ Разек беше цитиран како им вели на луѓе од персоналот.

„Поголемо прашање, рекол тој, е дали ТВ мрежата ќе ѝ дозволи на г-ца Хадид да оди по пистата со тие совршени цициња“. (Еден сведок се сети дека Разек наводно рекол „гради“, не „цициња“), пишува Њујорк Тајмс.

Наводно, за време на истата проба, Разек ја ставил раката на препоните на друга девојка-модел во долна облека.

Извршниот директор, кој беше главен директор за маркетинг за бренд и креативни услуги во „Лимитид Брендс“ (Limited Brands), матична компанија на „Викторијас сикрет“, исто така давал контроверзни забелешки за недоволна разноликост на пистата.

Тој во интервју за „Вог“ рече: „Дали требаше да има транссексуалци во шоуто?“ Не, не мислам дека треба. Па, зошто да не? Шоуто е еден вид фантазија. Тоа е посебна забава што трае 42 минути.“

„Ние пласираме производи на одредена целна група и не му продаваме на целиот свет. Во 2000 година се обидовме да направиме ТВ ревија за плус-сајз (за оние чија конфекциска големина го надминува бројот 44). Никој немаше интерес за тоа, и сè уште е така,“ рекол Разек.

Тој подоцна се извини за неговите зборови, а во август компанијата објави дека Ед ќе ја напушти компанијата и ќе се пензионира. Потврдено е дека модната ревија на Victoria’s Secret е откажана минатата година.

 

Треба да знаете
Последни објави