СЗО: Коронавирусот не е пандемија, но маската не е доволна, потребно е редовно миење на рацете

Претставниците на Светската здравствена организација (СЗО) не сметаат дека појавата на коронавирус е пандемија и се надеваат дека пренесувањето на вирусот би можело да биде запрено.

СЗО призна дека е предизвик да се следи вирусот поради глобалното масовно движење, но дека верува дека контролните мерки ќе го запрат пренесувањето, објави „Си-ен-ен“.

„Веруваме дека тоа може да се постигне преку сегашни заштитни мерки“, рече директорката на одделението на  СЗО за пандемиски и епидемиски болести, Силви Брајанд.

„Ние не сме во пандемија“, рече таа, објаснувајќи дека вирусот се смета за епидемија која се појавува на повеќе локации.

За да се намали ширењето на коронавирусот, Брајанд истакна дека само маските не се доволни и ги повика луѓето редовно да ги мијат рацете.

Треба да знаете
Последни објави