Сончево време со температури до 20 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Воздушниот притисок до вечер значително ќе се намали (за повеќе од 10 мерни единици).

Во вечерните часови почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, на места поројни. Ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата, па во втората половина од ноќта врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Доцна попладне ветерот ќе се промени во северозападен и ќе засилува. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, повремено поинтензивни.

Во втората половина од ноќта врнежите и во Скопската Котлина ќе преминуваат во снег. Максималната температура ќе достигне 16 степени.

Треба да знаете
Последни објави