Терористите гранатирале рафинерии на нафта и гас во сириски Хомс, изјави сирискиот министер за нафта и минерални суровини, Али Ганем, за новинската агенција САНА.
„Терористичките формации уште еднаш ги нападнаа сириските нафтени и гасни објекти, предизвикувајќи материјална штета“, рече тој.
Министерот информираше дека нападнати биле фабриката за гас „Ебла“, фабриката за гас во Јужниот централен регион, бензинската пумпа „Ал-Рајан“ и рафинеријата „Хомс“.
„Противпожарните бригади и силите на цивилната одбрана успеаја да ги изгаснат пожарите што резултираа од нападот“, рече Ганем.
Министерот не даде податоци за повредени или за жртви.
На 21 декември 2019 година, терористите со беспилотни летала нападнаа неколку рафинерии за нафта и гас во сириската провинција Хомс, предизвикувајќи материјална штета. Немаше извештаи за жртви. Објектите беа санирани во рок од една недела.