Интегрален текст од прес конференција на Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанств
„Зоран Заев и Трајан Димковски ги лажат тутунарите. Додека домашниот тутун стои не откупен, власта дозволи увоз на тутун. Ова се документите кои го докажуваат увозот на тутун, во ек на откупна сезона. Ова се фактури и барања за дозвола за увоз кои го демантираат Заев и Димковски. Тие вчера лажеа дека увоз на тутун нема. Заев и Димковски ги гледаат во очи и ги лажат тутунарите, како и за се останато во државата. Во период од 8 јануари до денес, Заев и Димковски дозволија увоз на околу 1 милион килограми тутун, во вкупна вредност од неколку милиони евра.
Да биде трагедијата поголема, тутунот кој е увезен во Македонија е платен од 1 до 2 евра повеќе од цената по која се откупува домашниот тутун. Тутунот кој се увезува е од ист тип на тутун кој што се произведува во Македонија, а се плаќа поскапо од домашниот. Македонските тутунари плачат за денар повеќе и реална процена на тутунот, а Заев и Димковски увезуваат тутун кој се плаќа поскапо.
Тутунарите се излажани и изманипулирани. Наместо да се откупи домашниот тутун, се увезува странскиот. Додека тутунарите од прилепско молат за повисоки откупни цени, Заев, Димковски и Шапуриќ дозволија увоз на тутун од странство кој се плаќа и над 300 денари.
Ова е доказ дека Заев, Димковски и Шапуриќ ги лажат тутунарите. Увоз на тутун има, а домашниот не се откупува. Повикувам власта да не си игра со тутунарите, да се запре увозот на тутун и да се откупи домашниот. Никој не смее да си поигрува со тутунарите. Заев е причината за сета мака на тутунарите. Сите проблеми ќе завршат по 12 април, кога ќе следува одговорен пристап кон тутунарите и земјоделците во целост.“