Две лица кои работеле за една хуманитарна организација се осудени на затворска казна поради, како што е пресудено во Иран, шпионажа за американската Централна разузнавачка агенција, објави портпаролот на иранското судство.
„Идентификувани се двајца шпиони на ЦИА кои работеа под плаштот на една добротворна организација, им беше судено и осудени се на казна затвор од 10 години за шпионажа и пет години за дејствување против националната безбедност“, рече Голамхосеин Есмаили.
Есмаили додаде дека имињата на осудените лица ќе бидат објавени откако ќе заврши изрекувањето на пресудата, пренесе „Ројтерс“.