Австралискиот Парламент им оддаде почит на жртвите на пожарите

 Австралискиот Парламент денеска им оддаде почит на жртвите на пожарите и го пофали херојството на пожарникарите.
На првиот ден од заседавањето на Парламентот, наместо воиобичаените теми, фокусот беше на пожарите кои почнаа во септември, и во кои досега загинаа 33 луѓе, уништени се 3.000 куќи, а опустошени над 10,6 милиони хектари површина.
Премиерот Скот Морисон им оддаде почит на оние кои го изгубија животот, вклучувајќи и тројца американски пилоти кои загинаа додека од хеликоптер гаснеа пожар. Морисон вети дека и покрај обемот на катастрофата, „Австралија никогаш нема да ја заборави трагедијата”.
Во моментот на седницата пред Парламентот стотина демонстранти  протестираа против климатските промени.
Треба да знаете
Последни објави