(Видео) Кинеската полиција со дронови бара граѓани кои не носат маска

Властите во Кина се борат против коронавирусот на секој можен начин.

За да го спречи ширењето на заразата, полицијата дури користи и дронови за надзор на улиците, односно за детектирање на граѓани кои не носат заштитни маски, кои потоа преку разглас се опоменуваат или да се вратат дома или да носат маска.

Embedded video

Како што јавува „Еј-би-си њуз“ овој метод е особено користен во руралните делови на Кина.

Поради ширењето на коронавирусот, од луѓето во Кина е побарано да ги напуштаат своите домови само кога е неопходно и да носат заштитни маски додека се надвор.

Треба да знаете
Последни објави