Цените на акциите на Тесла синоќа по затворањето на тргувањата на американските берзи пораснаа за 19 отсто и денес до попладне постигнаа дополнителна вредност од 20 отсто – резултатот стана рекорден за компанијата и за американската автомобилска индустрија.
Котирањата на Тесла започнаа стрмоглав растеж по објавувениот финансиски отчет за последниот квартал на 2019 година во кој е наведен раст на профитот за 2 отсто и рекоднте квартални продажби на електро автомобилите на оваа компанија.
Само во последните три месеци лани, автопроизводителот во сопственост на Елон Маск успеал да продаде 112 илјади автомобили. Дополнителен импулс за растежот на котирањата на компанијата се и аналитичките извештаи на консултантските фирми.
Така, „Аргус рисрч” синоќа објави своја проценка за ценатана на акциите на компанијата која се движи од 556 до 808 американски долари за акција (цената на една акција во моментов е 933 долари и продолжува да расте).
Претходно, „АРК Инвестмент Менаџмент” даде прогноза дека цената на една акција на Тесла до 2024 година може да порасне до седум илјади долари.
При крајот на јануари, Тесла стана првата американска автомобилска компанија чија пазарна капитализација порасна повеќе од 100 милијарди долари. Во моментов, пазарната капитализација на компанијата е 158 милијарди долари, двојно повеќе од вкупната вредност на двете познати американски автопроизводители, „Џи-ем” и Форд .