Екипата на Работнички одигра нов меч без победник на подготовките во Турција. Дебармаалци и руската екипа Томска завршија без голови попладнево во Анталија во, според извештаите, борбен и и тврд натпревар без многу шанси за реализација.
Обете екипи имаа свои периоди и шанси, но избраниците на Ратко Достаниќ не успеаја да го пронајдат патот до противничката мрежа. Затоа, пак, е потенцирано задоволство од игра во одбрана што го демонстрираа „црвените” од Градски парк.
Работнички, претходно во Анталија, ремизира и со Пирин од Благоевград (1:1), а пред заминување за Турција, одигра 2:2 со Борец и славеше над Тиквеш со 3:1.