Деспотовски распали по Мицкоски

Деспотовски распали по Мицкоски во „Само вистина“: Не може Мицкоски да уценува со политичка криза, тоа е неодговорно, да се закануваме со криза доколку не биде по наше Ако Мицкоски посакува криза, државата може да се движи во тој правец, но таква уцена би била неодговорна, ги коментираше директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски последните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. во гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5 „Ако еден од клучните актери на политичката сцена како што е Мицкоски најавува или посакува политичка криза тогаш не сомнено државата може да се движи во тој правец. Носењето на одредени клучни законски проекти не може да биде изговор и не може да биде условувано или уценувано со политичка криза и со креирање на политичка криза. Тоа е неодговорно, да се закануваме со криза доколку не биде по наше”, нагласи директорот на ФИТР Деспотовски за време на ТВ дебатата.

Треба да знаете
Последни објави