Шведскиот синџир за трговија со мебел „ИКЕА“ најави дека ќе затвори голем продажен центар во Ковентри ова лето, поради слабата посетеност и загуби. Шведскиот гигант соопшти дека продажбата во овој центар постојано опаѓала, уште од неговото отвoрање во 2007 година, со многу помала посетеност од очекуваното, пренесува Би-би-си.
Продавницата на Ковентри е една од вкупно 22 продавници на „ИКЕА“ во Велика Британија и е изградена како еден од првите примери на тестирање на нов формат, со кој компанијата се обидела да ги задоволи променливите потреби и очекувања на клиентите.