Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за предлог законот за Јавно обвинителство, а со кои ќе се бара „бомбите“ да не се користат како докази во судските постапки туку како индиции.
-Се обидуваме да најдеме решение како не би биле злоупотребени во ниедна судска постапка овие нелегално стекнати материјали. Законот за СЈО беше од времен карактер, а тука е Законот за кривична постапка кој треба да се почитува. Мораме да се осигураме дека незаконските прислушувани материјали нема да бидат злоупотребени, изјави Исмајловска.
Таа исто така потврди дека амандмански ќе бараат и одложено дејство на законот за шест месеци, а ќе интервенираат и во начин на избор на ЈО за организиран криминал и корупција.
За донесување на Законот потребни се 80 гласа. Во групата независни пратеници е и пратеничката Елизабета Канческа Милевска, која како поранешн министерка за култура е обвинета во еден од случаите на СЈО.