Кендал Џенер позираше гола, покриена со скапи торби

Манекенката Кендал Џенер (24) сака да позира во долна облека и тие фотографии да ги објавува на социјалните мрежи. Овој пат, таа се фотографирала потполно гола, покривајќи го своето тело со скапи торби и кутии на кои пишува Луј Витон.

Но, Кендал не се фали со торбите, туку ги подарува. Таа осмислила наградна игра со цел нејзините следбеници да ги имаат истите торби што ги има и таа.

За само неколку часа собрала повеќе од 50.000 коментари.

Кендал има нов маж во нејзиниот живот. Џенер и кошаркарот на НБА-лигата, Бен Симонс (23), почнале да се дружат во март 2018 година, а се чини дека сега ја обновиле својата романса. Од сите сестри на кланот Џенер-Кардашијан, таа најмногу го крие љубовниот живот.

Треба да знаете
Последни објави