Водителката Лила Филиповска била посредник во измамата на Бојан Јовановски-Боки 13 во шемата на за наводното учество во ЕУ проекти за изградба на домови за стари лица во која градежната фирма „Дан-Мак“ била измамена за 250 илјади евра, објави „МКД.мк“.
Измамената Ена Норнилд, косопственичка на градежната компанија за „МКД.мк“ ја раскажа целата приказна. Таа уште пред две години поднела кривична пријава против Јовановски и Филиповска, но дури вчера била првпат повикана во Финансиската полиција, а пред 3-4 месеци и во Обвинителството.
Според неа, нејасно е зошто овој случај не е дел од „Рекет“.
Сѐ почнало кога во почетокот на 2017 година Норнилд како заштитно лице на нејзиниот козметички салон ‘Мис Ен’ ја избрала Лила Филиповска, а во летото истата година водителката и понудила „добра бизнис зделка“ за фирмата „Дан-Мак“.
Остатокот од приказната оже да го прочитата на „МКД.мк“.