Од МВР денеска нема детали за вчерашниот инцидент во кој рредношколец бил прободен со нож во тепачка меѓу две групи, вчера пред СУГС „Марија Кири Склодовска“. Не е познато дали станува збор за ученици од училиштетото.
-На 03.02.2020 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред училиште на булевар Трета македонска бригада дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи, меѓу кои имало малолетници. Притоа, У.Д.(18) од Скопје се здобил со убодна рана, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.