Во Белгија денеска е потврден првиот случај на коронавирус во земјата, а истиот е утврден кај личност која заедно со осум други Белгијци била евакуирана од кинескиот град Вухан во текот на викендот.
Белгиското Министерство за здравство соопшти дека здравствената состојба на заразеното лице е добра и дека засега нема никакви загрижувачки симптоми, пренесува АП.
Сите девет белгиски државјани, кои биле евакуирани од Вухан во неделата, минале серија тестови во воената болница во Брисел, пренесува „Ројтерс“.
Кај осуммина од нив, тестовите биле негативни.
Бројот на смртни случаи од коронавирус во Кина се зголеми на 425, додека заразени се вкупно 20.438 лица.
Нови смртни случаи се регистрирани во Хонгконг и на Филипините.
Случаи на заразени од коронавирус се забележани во повеќе од 25 земји, најмногу во Јапонија (20), Тајланд (19) и Сингапур (18), објави Си-ен-ен.