Ќе му се суди на скопјанец кој преку Фејсбук се заканувал дека ќе го ликвидир Заев

Обвинетиот во периодот од 23.07.2019 година до 24.07.2019 година во повеќе наврати извршил временски поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. Тој е обвинет дека преку информатички систем, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објавил повеќе закани дека ќе стори кривично дело за кое е прошишана казна затвор од најмалку пет години.

Заканите биле упатени кон Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, при што во објавените коментари обвинетиот повикувал на физичка ликвидација на оштетениот и ја загрозил неговата сигурност.

Треба да знаете
Последни објави