Во клипот што го сподели фан-страницата ABBA Talk, Бени Андерсон беше запрашан што се случува со песните што ги ветиле во 2018 година.
На својот роден Шведски, тој одговори: „ Доаѓаат. Песните ќе бидат готови оваа година. Претпоставувам по летото.“
Запрашан дали ќе бидат готови во 2020 година, тој додаде: „Не треба да се ветува ништо, но ако јас решавам сам, тоа би било септември. Не можам сам да донесам одлука, но тоа е месецот кон кој целиме.“
Пред речиси две години, Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, Агнета Фалтског и Фрида Линдстад соопштија дека снимиле две нови песни, I Still Have Faith in You и Don’t Shut Me Down што ќе бидат дел од проектот „аватар турнеја“.
Тие во тоа време изјавија: „Одлуката да се оди напред со возбудливиот проект – турнеја на аватарите во АББА – имаше позитивни последици. Сите четворици сметавме дека, по 35 години, би било забавно повторно да ги здружиме силите и да влеземе во студио за снимање.”
Шведскиот бенд, кој имаше девет број-еден хитови во Велика Британија помеѓу 1974 и 1980 година, и продаде стотици милиони записи низ целиот свет, на Инстаграм објави дека снимиле две нови песни за проект во кој ќе настапат аватарите на бендот.