Бројот на починати од коронавирусот во Кина надмина 20.000, заразено и бебе

Бројот на заразени од коронавирусот во Кина порасна на 20.438, а меѓу нив е и едномесечно бебе, објавија кинеските власти.
Како што објави „Пиплс дејли“, повикувајќи се на локалните здравствени претставници, коронавирусот кај бебето е дијагностициран вчера во провинцијата Гуиџу.

Од последиците на новиот вирус во Кина, според последните податоци, починале 425 луѓе, додека уште по едно лице починало во Хонгконг и на Филипини.

Случаи на коронавирусот се забележани во повеќе од 25 земји, а најмногу во Јапонија – 20, Тајланд-19 и Сингапур – 18, објави Си-ен-ен.

Треба да знаете
Последни објави