ВМРО ДПМНЕ лаже, вистинската адреса за скандалот со медицинскиот отпад е белиот дворец, нивен кадар раководеше со Дрисла, случајот веднаш бил пријавен во обвинителството

ВМРО ДПМНЕ продолжува да изнесува лаги од јавноста и да повикува на одговорност на погрешни адреси. Вистинската адреса за то што медицинскиот отпад нетретиран се депонирал во Дрисла е белиот дворец.
Ваквото однесување на фирмата „Еко клуб” е класичен пример како власта на ВМРО ДПМНЕ се однесувала со отпадот и како им дозволувала на фирмите блиски до нив да не ги почитуваат законските прописи.
Периодот во кој отпадот се носел на Дрисла е кога таму директор бил Горан Ангелов, кадар на ВМРО ДПМНЕ, па многу лесно Јанакиевски и Ангелов можеле да договорат каков отпад да се депонира на Дрисла, а каков да се пријави.
Ако ВМРО-ДПМНЕ внимателно ја следеше прес конференцијата на градоначалникот Шилегов ќе сфатеше дека случајот е пријавен веднаш по откривањето, во декември, со пријава во Јавното обвинителство, а тоа го потврди и самото обвинителство во денешниот одговор до медиумите. Што значи, Шилегов и градскиот инспектор не молчеле, туку пријавиле кај надлежен орган и му оставиле простор да спроведе истрага.
Откако изминаа 45 дена од пријавата, а во меѓувреме градскиот инспектор Мирослав Богдановски доставил и видео и фото документација до јавното обвинителство, Градот Скопје ги сподели информациите со јавноста за да издејствува поодговорен и подинамичен пристап кон случајот.
Вистината за случајот е една и таа е нашиот најсилен аргумент против лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави