Ердоган: Турција не треба да се судира со Русија

Нема потреба од конфликт или расправија со Русија, им рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на новинарите во авионот, враќајќи се од посетата на Украина.

„Во моментов нема потреба да се судираме или сериозно да се расправаме со Русија“, рече Ердоган и додаде дека Турција има сериозни стратешки иницијативи (проекти) со Русија, пренесува ТАСС.
Ердоган рече дека би сакал да разговара на телефон со рускиот колега Владимир Путин.

„Можам да му се јавам (на Путин) утре (вторник, како што јавува НТВ)“, им рече турскиот претседател на новинарите во авионот.

Треба да знаете
Последни објави