ЕУ инвестира 75 милиони евра во “сината економија”

 Европската Комисија (ЕК) и Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) го лансираат проектот “БлуИнвест Фонд”, капитален фонд за поддршка на сината економија, односно проекти поврзани за заштита на морската средина.

ЕК и ЕИФ отвораат капитален фонд со 75 милиони евра на располагање за инвестиции во сината економија, чија улога е клучна за постигнување на климатските амбиции на ЕУ и карбонски неутрална економија до 2050-та.

-Сината економија вклучува економски активности поврзани за океаните, морињата и бреговите, објаснува Европската Комисија.

Конкретно тоа значи поддршка за бизнис проекти кој на некаков начин придонесуваат за одржлива морска средина и развој на морската економија. Сината економија носи „ветувачки можности” во развојот на обновливите енергии, одржлива морска храна, итн. смета Европската Комисија

Европската Комисија ќе го надополни фондот со 40 милиони евра за грантови за помош на малите и средни претпријатија.

-Океаните се најпогодени од климатските промени, но тие содржат и многу од решенијата. 75 милиони евра капитален фонд е алатка за ослободување на потенцијалот што го носи сината економија и во придонесот за Европскиот зелен пакт како и во обезбедување економски раст за европските мали и средни претпријатија, изјави Виргиниус Синкевичиус, еврокомесар за животна средина. 

Треба да знаете
Последни објави