Заев: Компаниите со турски капитал се двигател на македонска економија и едни од најголемите работодавачи и инвеститори во земјава

„Денеска сме во многу значајна комора – МАТТО, која е репрезент на нашето пријателство со Република Турција. Сериозен израз на инвестиции од македонско – турски компании и трговска размена во вредност блиску 500 милиони евра. Тоа е раст од 4% во споредба со претходната година. Заедничка цел е да постигнеме една милијарда евра трговска размена помеѓу двете земји” истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната средба со претставници – членки на Стопанската комора на Македонија – Турција МАТТО.
Претседателот Заев подвлече дека компаниите со турски капитал се доста важни за македонската економија и имаат значаен удел во економскиот раст, намалување на невработеноста преку отворање нови и добро-платени работни места, а со тоа и во подигање на севкупниот животен стандард на граѓаните и задржување на младите тука.
„Турските компании се двигател на македонска економија и сериозен импакт во нашиот извоз. Тие се едни од најголемите работодавачи и инвеститори во земјава и тоа во речиси сите индустриски области, од производство до угостителство”, рече претседателот Заев и додаде дека постојат уште можности за унапредување на економските односи меѓу двете земји особено во делот на туризмот, земјоделството и во делот на образованието и културата.
„Развиваме модели на нова соработка која почна како процедура отворена од МАТТО со Владата, која верувам после изборите ќе ја реализираме. Се однесува на индустриската зона во Гевгелија, каде може да им понудиме на турските компании природниот профитабилен интерес да го фиксираат во Република Северна Македонија. Зборуваме за отстранување на одредени бариери и за користење на бенефитите од договорот за слободна трговија помеѓу двете држави за слободен проток на стоки, услуги, капитал без царински бариери и давачки. Директните предлози и сугестии ќе се вградат во изборната програма која верувам ќе биде владина програма со цел да ја подобриме македонската економија и да бидеме подобар сервис на македонско – турските инвеститори во нашата земја”, заокружи претседателот Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави