Македонија приходот од продадените влезници за мечот со Естонија ќе ги донира во хуманитарни цели

Македонската кошаркарска репрезентација а 13 февруари ги почнува подготовките за квалификациските натпревари од групата за ЕП-2021, со Естонија и Русија. Избраниците на новиот селектор Александар Тодоров првиот меч ќе го одиграат на 20 февруари на домашен терен против Естонија. За овој натпреавр кој ќе се игра во салата „Борис Трајковски“ веќе пуштени во продажба  влезниците по цена од сто денари. Според информациите од Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), целиот приход од овој натпревар ќе биде дониран во хуманитарни цели.

Покрај Македонија, Естонија и Русија во групата ќе игра и Италија, еден од ко-организаторите на ЕП заедно со Чешка, Грузија и Германија. На крајот од квалифиакциската група пласман на ЕП ќе обезбедат две селекции. Со оглед дека Италија има обезбеден настап како еден од четирите  домаќини на завршницата од ЕП, за македонската селекција преостанува да се избори за втората позиција со Естонија, со оглед дека Русија прптив која во февруари ќе ја играме втората средба нагости во Перм, ја има фаворитската улога на хартија.

 

Треба да знаете
Последни објави