Мицкоски од Велес: Со новата програма ќе понудиме решение за  реалните проблеми на граѓаните

Во текот на денешниот  ден сме денеска овдека во Велес. Продолжуваме акцијата „Обновата пред вашиот дом, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вашиот град“. Разговараме со неколку целни групи.

Денеска во Велес ќе посетиме два стопански производни објекти, дел од програмата која што е во завршна фаза и која што сме убедени и гарантираме за нејзиниот квалитет дека ќе понуди решение за многу реални проблеми кои што во изминатиот период  ги слушнавме од страна нашите соговорници, а се однесуваат на подобрување на условите за водење бизнис во Република Македонија. Но, она кое што исто така е за нас важно да дел од искуствата кои што ете претприемачите од велешката општина ќе ни ги пренесат да видиме дали и како можеме да ги вклопиме во концептот на нашата предизборна програма.

Концепт кој што сме убедени дека ќе понуди како што кажав решение за овие реални проблеми. Но, истовремено во текот на денот ќе имаме  состаноци и со просветните работници. Изминативе денови во Гевгелија разговаравме со здравствените работници, претходно разговаравме во Радовиш со камионџиите, понатаму со фелата, со занаетчиите во Прилеп. Продолжуваме во деновите кои што следат  да ја презентираме нашата програма.

Веќе од ова недела ќе имаме и јавна промоција на дел од тие мерки, посебно оние кои што се однесуваат на бизнисот. Се надеваме на програма и одзив од страна на нашите соговорници кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе може да ги вклопи во периодот кој што следи и ќе ги понуди за граѓаните на следните предвремени парламентарни избори во кој што очекуваме да обновата на Македонија победи и поднесе победа која што ќе биде историски најголема во независна и суверена македонска држава.

 

Новинарско прашање: Денеска во Велес посетувате две успешни фирми „Агрија“ и „Лутекс“, зошто баш овие две фирми се решивте да ги посетите ,да слушнете што има да кажат?

Одговор:Затоа што и самите кажавте дека се успешни, но да ги направиме и поуспешни доколку се разбира идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ може, да слушнеме која е формулата за нивниот успех и како таа формула да ја подобриме, односно да ги направиме уште поуспешни да вработуваат што е можно повеќе луѓе бидејќи само така може и државата и ние политичарите да имаме бенефит. Да поразговараме за проблемите, бидејќи тие се успешни затоа што наоѓаат начин да ги решаваат најголемиот дел од проблемите, но секако остануваат и проблеми кои што се нерешени, односно кои што можеби ние како политичари можеме еве да помогнеме да тие проблеми се решат.

Нема да бидат само овие две компании во зависност од временскиот интервал се разбира ќе посетиме и други компании. Но, денеска е таков денот  да ги посетиме овие два производни, стопнаски субјекти кои што вие ги кажавте. Реков ќе имаме состаноци и со други целни групи, просветните работници итн.

Новинар прашање: Кажете ни, што ќе има ВМРО-ДПМНЕ во новата програма за Велес конкретно? На што ќе се насочи?

Одговор: Па има многу проекти кои што се посветени не само за Велес, туку генерално за целата територија на државата. Еве веќе од сабота ќе почеме и формално дел од тие проекти да ги промовираме, така што еве да почекаме до сабота да не ги откриваме  сега пред време ќе можете да ги слушнете од прва рака.                                     

Треба да знаете
Последни објави