Презентер станал татко и открил дека има карцином, го спасила колешка

Американскиот ТВ-презентер, продуцент и автор Енди Коен (51) раскажа како режисерката и актерка Кели Рипа (49) му го спасила животот така што го натерала да оди на преглед и да открие на време дека има малиген меланом. Тој ја игнорирал дамката на устата.

„Ја имав оваа дамка на устата некое време. Јас воопшто не обрнав внимание, сè додека Кели не ми пријде и отворено ми рече: Што се случува со твојата уста? Те молам прегледај се уште денес “, рече популарниот презентер.

Се покажало дека е малиген меланом и Коен, помалку од една година откако станал татко на момчето Бенџамин Ален, дознал за тешката дијагноза.

Откако е опериран, Коен признава дека многу повеќе внимава да не биде многу на сонце и избегнува солариум. Тој ја следи соитуацијата и редовно оди на преглед кај дерматологот, и истакна дека случајната средба со колешката на забава по повод отворањето на ликовната изложба на Глорија Вандербилт веројатно му го спасила животот.

Треба да знаете
Последни објави