На 04.02.2020 во 12.00 часот во с.Драгош, битолско, кај место викано „Лазаров бунар“, полициски службеници од Полициска станица Меџитлија ги лишиле од слобода Р.Р.Г.(48), Г.Б.Х.М.(30) и Ј.М.С.(44), сите од Куба, поради сторен прекршок „незаконско преминување на државната граница“. Лицата биле предадени на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи „Југ“ за понатамошна постапка.