Денвер ја прекина победничката низа на Портланд

Предводени од српскиот центар Никола Јокиќ, кошаркарите на Денвер, ноќеска го совладаа Портланд со 127:99 забележувајќи го 35 триумф и моментно е на третото место на Западот. За Портланд ова е прв пораз по серијата од четири триумфи.

На Јокиќ му недостасуваше само една асистенција за трипл-дабл. Тој средбата ја заврши со 29 поени, 13 скока и девет асистенции.

Лос Анџелес лејкерс го победи Сан Антонио со 129:102. Прв стрелец во редовите на екипата од Лос Анџелес беше Џејмс со 36 поени и девет асистенции, следен од Ентони Дејвис додаде 18 поени, колку што имаше и Кузма. Кај Спарси најдобро се истакна Демар Дерозан со 28 поени.

Резултати на другите натпревари од НБА лигата одиграни ноќта вторник кон среда:
Њу Орлеанс – Милвоки 108:120
Хјустон – Шарлот 125:110

Милвоки со биланс 43-7 (победи-порази) е најуспешен тим во Источната конференција, ЛА лејкерс со 38-11 е лидер на Запад.

Треба да знаете
Последни објави