Забрана за тешки товарни возила на Стража, Ѓавато и Гостивар-Маврово-Дебар

Поради врнежи од снег, забрана за тешки товарни возила од синоќа има на патните правци Гостивар-Кичево преку планискиот превој Стража и Гостивар-Маврово-Дебар, а од 3:30 часот е воведена забрана на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Од ЈП Македонијапат информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, на места со остатоци од снег по интервенцијата на дежурните екипи.

Снег врне во северниот, западнит и југозападниот дел од Републиката.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Треба да знаете
Последни објави